(ВИДЕО) ЦИПРАС ВЕЛИ ОВА Е НЕВИДЕНА ТРАГЕДИЈА: Во пожарите во Грција повредени деца
Во пожарите во Грција повредени се 187 лица, од кои 23 деца, соопшти портпаролката на грчката противпожарна служба.
Семејства со деца се пронајдени во последна прегратка додека се обидувале да избегаат од пламените.
Загинаа најмалку 74 луѓе, а точниот број на исчезнати не се знае.
Официјални лица изјавија дека пожарот избувнал во Мати, источно од Атина, доцна попладнето во понеделникот и во голема мера е ставен под контрола до вторник попладне, иако сѐ уште гори во некои области со ризик повторно да се распламти во сушните делови поради летната жештина.
„Грција минува низ неискажлива трагедија“- вели премиерот Алексис Ципрас на телевизија објавувајќи тридневна национална жалост.
Пожарот е многу полош од оној во август 2007 година кога пожари го уништија јужниот полуостров Пелопонез, при што загинаа десетици лица.
фото Твитер
