Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦИПРАС СЕ ПРАВДА: Договорот од Преспа ги отвора Грците кон светот

ЦИПРАС СЕ ПРАВДА: Договорот од Преспа ги отвора Грците кон светот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на свеченото отворање на Меѓународниот саем во Солун изјави дека прототип на грчката позиција за пристап на соработка и комуникација со сите соседи е Договорот од Преспа, договор кој ги отвора Грците кон светот, а на Солун му дава можност одново да стане престолнина на Балканот. 

Ципрас изрази надеж дека Солун треба да биде срцето на балканскиот развој, точка на трговија и економска размена, мост на цивилизации, а не ѕид и град со завртен грб кон соседите.

„Со овој отворен хоризонт, со самодоверба и разбирање, со расположение за соработка и комуникација им пристапуваме на сите наши соседи. Ова го правиме во економијата и трговијата, ова го правиме во културата, ова го правиме и во нашите меѓународни односи. А прототип на оваа позиција е и договорот што го постигнавме со нашите северни соседи, Договорот од Преспа што го отвора Солун, што ја отвора Северна Грција, ги отвора Грците кон светот, а главно, ја претвора нашата земја во фактор на решенија и столб на стабилност, мир и соработка во поширокиот регион“- вели Ципрас. 

Како што јави дописничката на МИА од Атина, најголемиот дел од обраќањето на Ципрас беше за економијата во пост меморандумскиот период, визијата за и планот Грција одново да се издигне економски.

Слично

Поврзани вести