Ципрас: Решение за името ќе биде во корист на една нова динамика за нашата земја
На седница на грчката Влада денеска на дневен ред се најде и прашањето за името.
Спорот за името го спомна грчкиот премиер, Алекис Ципрас во неговото обраќање пред министрите.
Ципрас најави дека во следните неколку дена ќе покаже колку е изводливо да се направат суштински чекори во таа насока.
Тој нагласи дека постои прозорец за решение, доколку има искрена намера од соседите.
„Решение, кое ако се постигне ќе биде во корист на мирот и соработката на Балканот, но и во корист на една нова динамика за нашата земја во поширокиот регион. Во следните денови ќе се покаже колку е изводливо да се направат суштински чекори во оваа насока“- рече Ципрас.
Како што пишуваат грчките медиуми, не е исклучено во затворениот дел од седницата, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас да ги информира останатите министри и премиерот за последните случувања во македонско-грчките односи.
