Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас: Проблемот за опозицијата е што постигнавме договор и тоа добар

Ципрас: Проблемот за опозицијата е што постигнавме договор и тоа добар

Вашиот проблем не е тоа дека е лош договорот, туку дека постои договор и е добар, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас, обраќајќи се до Нова демократија на денешната расправа во грчкиот парламент, пренесе МИА.

- Ова е еден договор што би сакал да го има на маса секој грчки премиер по 1995 и Времената спогодба, бидејќи не содржи само сложено име со географска одредница, ерга омнес, туку како предуслов има и уставна промена на денешното уставно име на соседната земја признаено од 140 земји, рече грчкиот премиер, а во однос на предлогот за недоверба на владата коментираше дека „на историчарот од иднината ќе му биде тешко да сфати зошто во еден толку позитивен момент за земјата, Нова демократија се обидува да ја урне владата“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, говорот на Ципрас што траеше нешто помалку од еден час, во голем дел беше насочен кон опозициската партија, кон ставовите што Нова демократија ги имала во минатото и ставовите што ги има сега во однос на преговорите за името.

Извор: Миа/Фото: Катимерини

Слично

Поврзани вести