Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас оптимист за името, вели се отвора прозорец на можности

Ципрас оптимист за името, вели се отвора прозорец на можности

Премиерот на Грција,  Алексис Ципрас уште еднаш порача дека е оптимист за прашањето за името, но очекува и конкретни чекори од македонска страна. 

Тој вели дека годинава се отвора прозорец на можности за решение и потребно е да се донесат неопходни одлуки.

Ципрас како што јави дописникот на МИА од Атина, повторно јавно говори за спорот меѓу Македонија и Грција.

„2018 - та  е важна година за Грција, не само затоа што по цели осум години, конечно излегуваме од меморандумите, туку и поради тоа што истовремено се отвора еден важен прозорец на можност за решавање на името. Убеден сум дека сега е дојдено време да ги донесеме неопходните одлуки, за да ја оправдаме улогата на Грција како водечка сила на Балканот, но и како столб на стабилност во поширокиот регион“- вели Ципрас за утрешното викенд издание на весникот „Неа селида“.

Ципрас смета дека Грција пред себе има и економски и геополитички предизвик, а потребно е да изгради, како во економијата, така и во надворешната политика, „нова динамична физиономија на модерна демократска земја која инвестира во развојот, мирот и градењето доверба, на земја која напредува и решава проблеми“. Грчката влада, како што вели Ципрас, има и волја и способност да го гарантира овој тек на земјата.

Слично

Поврзани вести