Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас: Oд кризата во Украина освен украинскиот народ губи и Европа

Ципрас: Oд кризата во Украина освен украинскиот народ губи и Европа

ЕУ е големиот губитник од војната во Украина, изјави екс грчкиот премиер Алексис Ципрас. 

За руската инвазија, ја изрази поддршката за Украина, велејќи дека тие секогаш се со оној кој се брани и се против инвазијата и прекршувањето на суверените права на една земја. Ципрас вели дека Европската унија  нема стратегија.

„Економски и геополитички, Европа е големиот губитник од војната во Украина, Европската унија има недостиг на лидерство, визија, стратегија“, рече претседателот на СИРИЗА Алексис Ципрас за време на денешната прес – конференцијата на маргините на Меѓународниот саем во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Вели дека од оваа голема криза во Украина, големиот губитник, освен украинскиот народ и луѓето кои загинаа е и Европа. 

„САД не губи, ниту економски ниту геостратешки. Економски не губи ниту Русија. Рубљата стана една од најсилните валути“, кажа Ципрас. 

За грчко- турските односи истакна дека сигурно не може да се игнорира реториката на ескалација на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и додаде дека секогаш имало тензии, но во последните години никогаш не било во толкава мера. 

Слично

Поврзани вести