Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас не го сакаат на Лезбос, му се подготвува непријателски дочек

Ципрас не го сакаат на Лезбос, му се подготвува непријателски дочек

Со затворени продавници и протести, жителите на Лезбос ќе го пречекаат Алексис Ципрас. Грчкиот премиер под силни безбедносни мерки попладнево ќе пристигне на островот за да се обрати на конференција за продуктивна реконструкција на островите во северниот дел од Егејското море.

Зголемување на ДДВ-то и ситуацијата со мигрантите и бегалците, се главните причини жителите на островот, да организираат демонстрации за време на посетата на Алексис Ципрас. 

Од вчера, на Лезбос се одржува регионална конференција за островите од северниот дел на Егејското море, а грчкиот премиер вечерва ќе има обраќање. Половина час порано, закажан е и протестот на централниот плоштад во Митилини, главниот град на островот. 

Слично

Поврзани вести