Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас: Мицотакис ништо не превзеде за Северна Македонија

Ципрас: Мицотакис ништо не превзеде за Северна Македонија

Додека ЕУ се соочува со последиците од својата трагична одлука да не даде зелено светло на интегративниот пат на Северна Македонија, Грција се чини дека е целосно отсутна од случувањата во нејзиното соседство, обвини Алексис Ципрас, поранешниот премиер на Грција.

„Грчкиот премиер (Киријакос Мицотакис), кој не се осмелува правилно да го изговори името на соседот, ја прифати фаталната одлука за нашиот сосед со онаа на Албанија, а таму дури и не побара реформа на правата на грчкото национално малцинство.

Тој присуствуваше, но молчеше на самитот на Европскиот совет кога се преговараше за иднината на балканите земји“, напиша меѓудругото претседателот на опозициската СИРИЗА на Фејсбук.

Според Ципрас, ваквата пасивност на грчкиот државен врв води кон „победа на националистите во Северна Македонија и обид да се искомпромитира Преспанскиот дговор“.

Ципрас додава дека Мицотакис ја претворил Грција повторно во „мала земја“ на Балканот која немо ги гледа и ги следи иницијативите на трети страни.



Слично

Поврзани вести