Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас: Мицотакис ќе го моли лидерот на ВМРО да не го отфрла договорот

Ципрас: Мицотакис ќе го моли лидерот на ВМРО да не го отфрла договорот

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас кој заедно со шефот на македонската Влада, Зоран Заев, го постигнаа Преспанскиот договор, вчера во грчкиот парламент за време на дебатата за новиот закон за азил рече дека ќе дојде време неговиот наследник Киријакос Мицотакис да го моли претседателот на ВМРО-ДПМНЕ (Христијан Мицкоски) да не ја отфрла спогодбата доколку опозицијата победи на парламентарните избори во Македонија.

Претседателот на СИРИЗА рече еден по еден пратениците од владејачката партија Нова Демократија се обидуваат да го вразумат Мицотакис, да не размислува и да не ја посакува перспективата „да победат истомислениците националисти во соседната земја“.

– Затоа што тогаш, гледам вашиот лидер ќе го моли лидерот на ВМРО да не случајно го отфрли договорот што го потпишавме, рече поранешниот грчки премиер.

Ципрас смета дека Македонија денес е во политички тешка ситуација, но дека неговата партија, како што вели тој, превзема иницијативи во корист на стабилност во соседната земја.

Тој додаде дека грчката Влада на Самитот во Брисел, каде што Скопје не доби датум за преговори, „само ги набљудувала Данска и Холандија како се занимаваат со Западен Балкан“.



Слично

Поврзани вести