Ципрас ја соопшти „Вистината за Преспанскиот договор“
Премиерот на Грција Алексис Ципрас објави видео порака упатена до граѓаните, во која истакнува дека дошло време да се изнесат фактите за Преспанскиот договор со Македонија и да се „дознае вистината“.
-Со Преспанскиот договор ја штитиме нашата (покраина) Македонија. Го надминуваме стравот и инцерцијата за самодоверба и го отвораме патот на мир и привремен раст- наведува Ципрас во видео порака објавена на Фејсбук насловена како „Вистината за Преспанскиот договор“:
Тој договор, нагласува Ципрас е камен темелник на балканскиот регион на пријателство, соработка и братство а народот.
Договорот признава државјанство, не етнички групи
-Нашите соседи го разликуваат својот идентитет, признавајќи дека нивниот јазик е словенски и дека културата ниту на кој начин е поврзана со древното грчко наследство. Преку овој договор го признаваме државјанството, а не етничките групи. Нема да има иредентистички алузии во нивните учебнци. Тие ги менуваат имињата на нивните споменици, инфраструктури и јавни простори-рече Ципрас.
Видео пораката опфаќа и снимки од потпишаниот договор меѓу Македонија и Грција на 17 јуни 2018 како и изводи од неодамнешниот говор на Ципрас во атинската концертна сала за тој договор.
Фото: EPA
