Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас ја смирува Грчката црква - Во преговорите ќе гo внесе и црковниот аспект на името

Ципрас ја смирува Грчката црква - Во преговорите ќе гo внесе и црковниот аспект на името

Грчкиот премиер Алексис Ципрас со ново писмо до Грчката црква се обидува да ги смири зовриените страсти откако грчкото МНР излезе со екстра остра реакција во која повика црквата да престане да им се меша во државните работи и да наметнува како тие сакаат да се водат преговорите за името со нивниот сосед споредувајќи ги со политичкото делување на нео-нацистичката „Златна Зора“.

Ципрас во писмото ја уверува Грчката црква дека во преговорите за името ќе биде поставено и црковното прашање, односно за употребата на било кој македонски термин за Македонската православна црква иако ништо изрично не спомена што тоа ќе значи за македонската страна, односно дали тоа ќе биде сфатено пак, како обид Македонија да и се меша на МПЦ во црковните работи.

Грчката црква не ја прифаќа МПЦ за која смета дека е расколничка црква ниту прифаќа таа да се вика „Македонска црква“. Ципрас исто така побара Грчката црква да придонесе во националното единство за да реши децениски стариот спор за името. 

Слично

Поврзани вести