Ципрас: Грчкото стопанство има потенцијал да игра доминантна улога во економскиот раст на Северна Македонија
Премиерот на соседна Грција, Алексис Ципрас изјави вчера дека грчките стопанственици би можеле да ја играат клучната улога во економскиот раст на Македонија, пренесува грчката агенција АНА-МПА.
Тој ги повика бизнисмените да ги искористат можностите кои се отворени по потпишувањето на Договорот и додаде дека грчката Влада ќе ги создаде потребните услови за тоа.
„Грчкото стопанство има потенцијал да игра доминантна улога во економскиот раст на Северна Македонија, паралелно со позитивниот замав кој го предизвика Договорот од Преспа“ – рече Ципрас.
Состанокот се одржува во пресрет на посетата на Ципрас во Скопје, кој треба да пристигне на 2 април заедно со министри од грчката Влада и бизнис делегација.
АНА-МПА објави дека во бизнис делегацијата што ќе го придружува грчкиот премиер ќе бидат вклучени над 70 големи и средни компании.
