ЦИПРАС ДО ТУРЦИЈА: Грција нема да толерира каков и да е предизвик кон нејзиниот територијален интегритет
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека Грција нема да толерира никакви предизвици кон нејзиниот територијален интегритет.
„Нашата порака е јасна. Грција нема да доволи, прифати или толерира каков и да е предизвик кон нејзиниот територијален интегритет“- рече Ципрас.
Турција е должна во целост да го почитува меѓународното и европското право, во тие рамки и морското право и Лозанскиот договор, кој не може ниту да се ревидира, ниту да се актуелизира и кој „без никакви траги од сиви зони“ ги одредува границите, територијата и суверенитетот не само на Грција, туку и на Европската унија, рече грчкиот престедател Прокопис Павлопулос за време на промоција на книга за Елефтериос Венизелос во воениот музеј во Атина.
Павлопулос увери дека Грција се стреми кон односи на пријателство и добрососедство со Турција.
- Ние, Грците, врз основа на нашето историско наследство, ги почитуваме пријателите, но не се плашиме од непријателите, рече грчкиот претседател.
Атина и Анкара вчера објавија различни ставови во врска со инцидентот. Министерството за надворешни работи на Турција тврди дека инцидентот го предизвикал грчкиот брод, додека Атина обвинува дека турскиот брод удрил во грчкиот.
За инцидентот телефонски разговарале и премиерите на двете земји.
