Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас бара сојузници за името - каде ќе ги најде?

Ципрас бара сојузници за името - каде ќе ги најде?

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе предложи формирање совет за национална безбедност. 

За таа цел тој денеска му се јавил на лидерот на партијата Потами, Ставрос Теодоракис, и побарал средба в понеделник за да го информира за предлогот.

Грчките медиуми пишуваат дека ваквиот потег се поврзува со разрешницата на проблемот за името и потребата на Ципрас околу него да собере што поголем број сојузници. Во Грција функционира т.н. национален совет, кој го свикува шефот на државата. Новиот совет би бил свикуван од премиерот, а во него би учествувале политичките лидери, бившите премиери, министрите за одбрана и за надворешни работи, шефовите на генералштабот и на тајната служба.

Не се исклучува и можноста Ципрас по овој „флерт“ наскоро со мини-реконструкција евентуално да направи рокада – наместо „Независни Грци“ на Панос Каменос во Владата да ја земе „Потами“ на Теодоракис. Интересно е дека токму Теодоракис и неговата партија во декември 2016 година предложија формирање на такво тело/орган, но досега никој тоа не го покренал.

Слично

Поврзани вести