Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ципрас бара решение за името ерга омнес и промена на Уставот на земјава

Ципрас бара решение за името ерга омнес и промена на Уставот на земјава

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас вели дека сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба, за кое треба уставна промена и повлекување на секакви сомнежи за иредентистички ставови, е рамката што го гарантира затворањето на проблемот. 

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, Ципрас, на состанокот на пратеничката група на СИРИЗА, освен за економијата и скандалот Новартис, говореше и за прашањето за името. Тој вели дека грчката Влада има преземено одговорност за да се затвори проблемот „со достоинство и патриотска одговорност“ и ја повтори позицијата на Атина и барањата на грчката страна во разговорите.

„Решението не може да биде друго од едно сложено име што ќе важи за сите, за севкупна употреба. Нешто за што секако, предуслов е и уставна промена, за името навистина да биде ерга омнес, односно за севкупна употреба. Не може да биде една употреба надвор, а друго да биде името во Уставот. Секако предуслов е и повлекување на секаков сомнеж за иредентизам. Ова е единствената рамка што го гарантира решавањето на проблемот и поминување во нова ера за целиот Балкан, далеку од национализмот, фанатизмот и нетолеранцијата,“- рече Ципрас. 

За протестот во Атина грчкиот премиер рече дека Владата не ги игнорира демонстрантите и индиректно упати порака до сите оние што бараа „да не се даде името Македонија“. 

Објасни дека Грција уште во времето на Југославија го прифатила терминот Македонија во името на нашата земја, а ова прифаќање продолжило со привременото име ПЈРМ, во кое, како што рече, буквата М значи Македонија. 

Слично

Поврзани вести