Ципрас бара прво Скопје да си ги исполни обврските од Договорот
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас по НАТО Самитот во Брисел изјави дека прво соседната земја, Владата од Скопје треба да ги исполни обврските од Договорот за името, па потоа во јануари или февруари ќе разговараат за тоа како ќе се придвижи процесот за надминување на недоразбирањата со коалициската партија на Панос Каменос.
Посакува да успее Договорот бидејќи ова според него е историска интервенција за решавање на деценискиот спор.
„Ова е историска интервенција што ги решава долгогодишни проблеми во нашата надворешна политика, а кога ќе успее, во некој момент во јануари, февруари, тогаш ќе разговараме со коалицискиот партнер за да видиме како ќе го придвижиме процесот“ - изјави Ципрас.
Претседателот на најголемата опозициска партија, Кирјакос Мицотакис, деновиве имаше остри критики за Ципрас и Каменос. Вели по НАТО самитот, на земјава и е предаден НАТО пасош, а грчката Влада го признала идентитетот и јазикот.
Каменос останува на ставот дека нема да прифати име кое го содржи зборот „Македонија“.