ЦИКЛОНОТ ШТО ЈА ОПУСТОШИ ГЕРМАНИЈА, ПРИСТИГНУВА ВО СРБИЈА: Аларм за силно невреме, град и поројни дождови
Циклонот веќе е
присутен во Србија, но и на целиот Балкански полуостров, тој претходно беше над
Германија и со денови беше присутен во истата област, заради што Западна и
Југозападна Германија, Луксембург, Источна Холандија и Белгија имаа
катастрофални врнежи и невреме незапамтено во последните 100 години, напиша
метрологот Џорџе Џуриќ на својот Фејсбук профил.
Според него овие се едни од најголемите поплави досега во оваа област, а сега опасноста се заканува и од бројните брани. За среќа, времето е целосно стабилизирано, и така ќе биде и во наредните денови, што би им помогнало на спасувачките екипи.
Истовремено предупредува дека Србија ќе биде под влијание на циклонот до вторник, со опасност од електрични полнења, град и обилни врнежи од дожд. Стабилизација на времето од среда, а летото во Србија се враќа од четврток.
