ЦИКЛОН ВО СОСЕДСТВОТO: Силен ветер урна минаре
Циклонот Ксенофон вчера во Грција го урна минарето во Јанина.
Од силниот ветер се урна минарето минарето на џамијата Аслан-паша во Јанина, кое датира од 17 век, објавија градските власти во четвртокот.
За минарето биле закажани за поправки поради проблемите во изминатите неколку години, но тие не се започнати, па ослабената структура се распадна пред налетот на ветрот.
Историската џамија била изградена во 1618 година, а во моментов се наоѓа под заштита на општинскиот музеј.
Невремето, исто така, искорна неколку дрвја околу регионот на Јанина, а температурите во Мецово и околните планини се спушти под нула.
Утре следува уште посилен удар.
Националната опсерваторија на атинската Метеослужба предупреди на можноста од формирање тропски циклон во Јонското Море.
Тој ќе се движи кон исток, со што утре голем дел од Пелопонез и Крит, ќе бидат зафатени од дожд и силен ветер, а потоа невремето ќе се пресели на Атика, Евиа и Кикладиските Острови, се до Источните Егејски Острови и Додеканески Острови, на почетокот на следната недела.
Во северните предградија на Атина вчера имаше прекини на електричната енергија, главно предизвикани од паднати дрвја и гранки врз електричните водови како резултат на силните ветришта. Училиштата во Атика денеска ќе останат затворени.
Наредби за затворање на училишта исто така се издадени и на Пелопонез, Коринт, Арголис, Аркадија, Месинија и Лаконија и од регионот Западна Грција за Ахаја, Илија и Ајтолоакарнанија.
Поради циклонот Ксенофон, чамците се закотвени во последните три дена, продолжува да се движи по Егејското Море, проследен со силни ветрови и ниски температури.
Агенцијата за цивилна заштита постојано одржува состаноци.
