Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦИКЛОН БРАНКО: Нови поплави во Србија, а само што почна да се исплаќа отштета за претходните

ЦИКЛОН БРАНКО: Нови поплави во Србија, а само што почна да се исплаќа отштета за претходните
Само што започна да се исплаќа отштетата за мајските катастрофални поплави во Србија, а населението повторно во паника од надојдените води. Денеска започна исплатата на материјалната помош за семејствата беа сериозно оштетени во мајските поплави, а парите веќе легнале на сметка кај првите 39 жители на најпогодената општина Обреновац. Најголем дел од овие одобрени барања за материјална помош се за објекти кои претрпеле оштетувања од трета или четврта категорија, за кои е предвидена отштета од 250.000 и 350.000 динари (2.200 или 3.000 евра). Многу од граѓаните велат дека не се задоволни од вака доделената сума, бидејќи нивните домови претпеле далеку поголема штета во поплавите. Состојбата во дел од српските општини сега повторно е влошена, како резултат на обилните врнежи предизвикани од циклонот Бранко. Надојдените води дополнително ги оштетуваат куќите, а оваа нова штета не е влезена во пресметката направена по мајските поплави. Во новото невреме едно лице досега го загуби животот, а сликите од погодените подрачја уште еднаш ги потсетија српските граѓани на ужасот од поплавите. (ФОТО) Косјериќ под вода, состојбата „бетер“ од онаа во мај  
Слично

Поврзани вести