Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цигарите ќе поскапат за пет денари од утре

Цигарите ќе поскапат за пет денари од утре
Сите брендови цигари на Тутунскиот комбинат - Прилеп од утре ќе поскапат за пет денари, како одговор на зголемената акциза на цигарите. Исклучок е брендот Рондо, кој ќе поскапи за три денари. Акцизата на цигарите од утре се зголемува за 0,15%, а акцизата и данокот учествуваат во цената на цигарите со 75%. За пет денари ќе поскапат брендовите Бренд, Сан Слимс, Еуропа, 19, Филтер Ориентал и Та2 како и Марлборо. Останатите компании уште не откриваат колку ќе поскапат нивните цигари, но и тисе се согласуваат дека покачување на цената ќе иде неминовно. Се очекува и тие да ја следат ценовната политика на лидерот на пазарот. Од утре стапува на сила новиот акцизен календар според кој акцизата на цигарите во Македонија етапно ќе се зголемува до 2023-та година.
Слично

Поврзани вести