Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦИА: 20 џихадисти од Македонија се борат за Исламската држава

ЦИА: 20 џихадисти од Македонија се борат за Исламската држава
Вкупно 20 македонски државјани како доброволци заминале во џихад во Исламската држава, покажуваат проценките објавени во најновиот извештај на американската разузнавачка агенција ЦИА. Значителен број доброволци во радикалната исламистичка група доаѓаат од Балканот, но на врвот на листата предничат Босна и Херцеговина со 350 џихадисти, а по неа следат Косово со 150 и Албанија со 140 броци во редовите на исламските екстремисти. За Исламската држава се борат и 30 црногорски државјани, како и тројца Срби. Меѓу земјите кои водат на листата според бројот на доброволци на страна на исламистите, со повеќе од 600 џихадисти, се наведуваат Франција, Велика Британија и Јордан. Македонските власти ја следат активноста на граѓаните кои заминуваат во странските воени жаришта, но немаат точна информација за нивниот број, бидејќи тие заминуваат во џихад преку трети земји.
Слично

Поврзани вести