Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чувате пари за „црни денови“? Еве што може да ви се случи!

Чувате пари за „црни денови“? Еве што може да ви се случи!
Вистински малер го снајде 55-годишен градежен работник од српското место Нова Варош. Тој останал без својата заштеда од 500 евра за „црни денови“ која ја чувал дома, затоа што му ја изеле глувци, објави „Блиц“. Пет банкноти од по 100 евра ги чувал под теписонот во спалната соба. „Оштетените банкноти ги пронајдов неколку метри понатаму. Глувците ги одвлекле до дупката која си ја направиле во подот на собата. Најпрвин помислив на кражба, но за среќа не реагирав избрзано и не повикав полиција“, раскажува овој градежник, кој сакал да остане анонимен. Тој се надева дека ќе може барем делумно да си ја поврати „штетата“ и да ги замени оштетените банкноти. Но во Нова Варош ниту една деловна банка или менувачница не менуваат оштетени банкноти за нови, па ќе мора да ги носи до Ужице, кое е оддалечено 70 километри. „Според мојата проценка, глувците миу направија штета од најмалку 200 евра, што е мојата плата за повеќе од десет дена работа на градилиште. Една од банкнотите е сосема уништена, додека на останатите четири јасни се трагите од нивните заби. Се надевам дека барем нив ќе успеам да ги заменам, откако на банката ќе и платам провизија за услугата“, вели оштетениот граѓанин. Парите ги заработил мешајќи малтер на градилиште во Црна Гора, а ги штедел за реновирање на семејната куќа во Нова Варош.
Слично

Поврзани вести