,,Чуварите на демократијата” го тргнаа кампот
По два и пол месеци кампување пред Собранието на Република Македонија, поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги тргнаа камповите.
Кампот на ,,Чуварите на демократијата", како што самите се нарекуваа, беше поставен во паркот ,,Жена борец" вечерта на 18 мај по митингот на владејачката партија.
Тој беше поставен како одговор на Кампот на слободата кој се наоѓаше пред Владата, и каде се бараше оставка од премиерот Никола Груевски.
,,Чуварите на демократијата" пак, немаа конкретни барања и цели за кампирањето, освен што изјавија дека ја чуваат демократијата, која СДСМ сакал да ја загрози. Тие рекоа дека ќе си заминат тогаш кога ќе си заминат камперите пред Влада.
Камперите пред Влада си заминаа пред две недели.
Слично
