Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Чувајте околу 100 евра во кеш во случај на војна или кризи“ – Банките низ ЕУ со препораки до граѓаните

„Чувајте околу 100 евра во кеш во случај на војна или кризи“ – Банките низ ЕУ со препораки до граѓаните

Таа сума е наменета да покрие основни трошоци за околу една недела, како храна или лекови, ако електронските плаќања не функционираат.

Дали имате 10 евра во кеш, кои би ве покриле во случај да падне системот и да не работат банкоматите и кредитните картички? Европските банки упатуваат препораки до граѓаните да не се ослонуваат премногу на дигиталните системи, и да чуваат кеш за во случај на војна или криза.

Во услови на растечки геополитички тензии и можни кризни ситуации, шведската централна банка Riskbank упати апел до своите граѓани порача да не се потпираат премногу на дигиталното банкарство и да имаат барем по 1.000 шведски круни (околу 90-100 евра) за „црни денови“.

Според нив, парите ќе им бидат од корист на граѓаните во кризни ситуации, како сајбер-напади, прекин на плаќања, војна, големи технички дефекти.

Препораките се во секое домаќинство да има по 100 евра настрана за секој возрасен член во семејството.

Таа сума е наменета да покрие основни трошоци за околу една недела, како храна или лекови, ако електронските плаќања не функционираат, пренесува Машки Магазин.

Според појаснувањата во шведските медиуми, препораките следуваат затоа што Шведска е една од најдигитализираните земји во светот, па системот може да биде ранлив ако дојде до сајбер-напад или ненадеен прекин на струја.


Слично

Поврзани вести