Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧУДО: Куќата сама им се загрева над 40 степени

ЧУДО: Куќата сама им се загрева над 40 степени

Последниот месец во куќата на семејството Митровиќ во Тршиќ во Србија температурата е над 40 степени иако не палат оган и не користат греење. 

Забележале дека и плочките во ходникот кои обично се ладни сега се загреваат, а истото го забележале и во другите простории. 

Како куќата сама се загрева не им е јасно, но чекаат да дојдат стручњаци кои ќе им објаснат. 

„Прво мислевме дека е топло поради огнот во кујната, но еден ден не палевме оган, а во куќата не можеше да се спие од топлина. Почувствував дека топлината доаѓа од под тепихот, кај креветот во кој спијам, и кога го кренав и го допрев бетонот сфатив дека нешто се случува“ - вели Милентије Митровиќ. 

Ова го раскажал на син му кој живее во Лозница, по што ја измериле температурата на подот и таа била 36 степени, иако надвор било 11 степени. 

Ставиле мокри чорапи на подот и за неколку часа биле суви. Зачудени затоа што вакво нешто во околината немало, повикале луѓе од градската управа и тие им советувале да се следи состојбата уште некој ден, а потоа ќе интревенираат од Заводот за геодезија во Белград. 

Луѓето се надеваат дека ова е моментално, и дека топлината ќе ја снема, затоа што во спротивно ќе им ја урнат куќата и ќе ги иселат. Тие ова не го сакаат затоа што 40 години живееле во куќата, а пред 5 години ја реновирале.

Слично

Поврзани вести