Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чудна помош: АЕК и донирал на Владата 20 милиони денари, а 55 милиони за Ковид-19 фондот

Чудна помош: АЕК и донирал на Владата 20 милиони денари, а 55 милиони за Ковид-19 фондот

Агенцијата за електронски комуникации и била донатор на Владата со 20 милиони денари минатата година, во помалку чудна трансакција ако се знае дека регулаторот на мобилните и кабелските оператори вообичаено ги помага граѓанските и јавно-општествените институции.

По претходни три години во низа минимални издвојувања за донации, АЕК минатата година бил „златна кокошка“ за справувањето со корона-кризата со приходите собрани од мобилните и кабелските оператори.

Регулаторот во 2020 донирал вкупно 126.150.000 денари, од кои најголемиот дел за Ковид-19 фондот на Владата, кој за тоа биле исплатени 55 милиони денари, според годишниот извештај што го објави деновиве АЕК за своето работење минатата година.

Покрај 55-те милиони денари за владиниот Ковид-19 фонд, биле исплатени уште 20 милиони денари на барање на Владата, но овој пат не за фондот. За Оперативно-техничката агенција (ОТА) биле исплатени уште 20 милиони денари.

Од останатите донации, Градската општа болница „8 Септември“ добила околу 5,25 милиони, за Факултетот за електротехника и компјутерски технологии се издвоиле околу 2,8 милиони денари, а 4,5 милиони денари биле донирани за три приватни универзитети

Ракометниот клуб Металург добил 14 милиони денари, додека кошаркарскиот МЗТ Скопје повлекол 2 милиони. Помалку од милион денари имало и за СОС Детско Село, ЈЗУ Гастроентерохепатологија, ТВ канал Вис и Еуро-Фарм Битола.

Минатата година била најголема донаторска, по оние во 2015 и 2016, кога годишно се трошело и над 200 милиони за оваа намена.

А.К.

Слично

Поврзани вести