Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧОВЕК СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОСТАНА ЗАРОБЕН ВО НЕГОВИОТ ДОМ: Први видеоснимки по силниот земјотрес во Лариса

ЧОВЕК СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОСТАНА ЗАРОБЕН ВО НЕГОВИОТ ДОМ: Први видеоснимки по силниот земјотрес во Лариса

По земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала што во 12.16 по грчко време се случи во близина на Лариса, објавени се повеќе видеа, на кои се гледа вознемиреноста на граѓаните. 


Стигнаа и информации за материјална штета, а според наводите на CNN.gr постар човек со попреченост останал заробен во неговата куќа кога се срушил дел од неа. Неговата сопруга, сепак, успеала да го напушти местото и ги известила властите. Спасувачките екипи веднаш дошле и успеале да го извлечат човекот, кој е жив и нема сериозни повреди.

Информациите укажуваат дека има штета и на други куќи и црква во населените места каде што се стресе тлото.


Фотографија на жител на Тирнавос /metrosport.gr

Слично

Поврзани вести