Човек со денови лежи во мртовечки ковчег и штрајкува со глад
Необичен протест се одржа во хрватскиот главен град Загреб. Газдата на погребалното претпријатие од Вировитица, Марио Коларевиќ, со денови лежи во ковчег пред Министерството за економија во Загреб и штрајкува со глад.
Тој се буни поради проблем со Законот за погребални услуги. Коларевиќ лежи во ковчег, облечен во бела кошула со црна вратоврска и црни панталони, а веднаш до него има голем крст на кој пишува „владеење на правото“. Вели дека комуналното претпријатие Флора од Вировитица му е нелојална конкуренција, затоа што со ниските цени им го одвлекува вниманието на клиентите, а кај него мора да закажат термини за погреби, пренесува Индекс.хр.
фото Index.hr
Слично
