Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чоколадите и медот ги зголемија, овошјето и зеленчукот ги намалија трошоците за живот!

Чоколадите и медот ги зголемија, овошјето и зеленчукот ги намалија трошоците за живот!

Трошоците на живот во октомври останаа без промени во однос на претходниот месец, додека во однос на октомври ланската година се забележува намалување од 0,5 отсто пресмета Државниот завод за статистика.

Исто намалување се бележи и кај цените на мало за 0,2 отсто, а во споредба со октомври лани за 1,2 отсто.

Движење на трошоците на живот е забележано единственот во подгрупите.

Шеќерот,  медот, чоколадата и кондиторските производи ги зголемија трошоците за живот за  1,3 отсто , конзервираната риба за 1,1 отсто, тестенините и други прехранбени производи за 1 отсто, мастите и маснотиите за 0,9 отсто, свежото млеко за 0,4 отсто, преработките од млеко за 0,3 отсто, месото и полутрајните колбасичарски производи за 0,2 отсто, додека пак налаување на трошоците за живот има кај свежото овошје за 8,7 отсто, свежиот зеленчук за 0,8 отсто и сувото овошје за 0,5 отсто.

Зголемени трошици за живот во октомври 2015 година, во споредба со претходниот месец има кај обувките за 4 отсто, цврстите горива и мебелот за 3, гасот за домаќинствата и течните горива за домаќинствата за 2,6 проценти, лековите за 2,1 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 1,9 отсто, накитот и часовниците за 0,7 отсто, друго образование за 0,6, течните горива и мазива за 0,4, услугите за одржување и поправки на станот за 0,3 отсто, додека пак намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај авионскиот превоз на патници за 11.4%, велосипедите за 1.6%, облеката за 0.9%, средствата за чистење и одржување на станот за 0.7%, информатичката опрема за 0.6%, материјали за одржување и поправки на станот за 0.5%.

Сепак, во споредба со октомви минатата година, индексот на трошоците за живот сега бележи намалување за 0,5%, додека индексот на цените на мало се намалил за 1,2 %.

Слично

Поврзани вести