ЧОКОЛАДЕН БАНКРОТ ИЛИ РЕДОВНО ФИНАНСИРАЊЕ: Како ќе помине денешното задолжување?
Денеска ќе се одржи аукција на државни записи на хартии од вредност во вредност од 100 милиони евра.
Одлуката дојде откако ДИК во стариот состав, го отфрли ветото на Кире Наумов, дополнителен заменик министер за финансии.
Во исто време СДСМ преку Наумов веќе ги предупреди банкарите да не купуваат државни хартии од вредност, да го следат примерот на странските банки кои го почитуваа правилото на врзан потпис.
Од СДСМ велат дека имаат обврска да не дозволат дополнително задолжување на идните генерации за нови 100 милиони евра.
„Предупредуваме,владата може да се обиде да го надомести предвиденото задолжување на домашниот пазар од домашните банки. Домашните банки, исто како и водечките светски, мора да го почитуваат правилото на двоен потпис. Домашните банки не смеат да си дозволат да бидат соучесници во незаконско и неконтролирано задолжување на државата“, изјави Наумов, откако беше преполовена еврообврзницата.
Со сличен тон настапи и Заев.
„СДСМ нема да дозволи банкрот и чоколади за корупција и изборна измама“, изјави опозицискиот лидер.
Од друга страна, министерот Зоран Ставревски и премиерот Никола Груевски на седницата за пратенички прашања тврдеа дека аукциите се вообичаени за редовното финансирање на буџетот и повикаа да преовлада разумот наспроти тесно партиските инетерси.
-Граѓаните разбираат, сите слушаат, прават разлика, гледаат дека се создава, за нив се земаат кредити, дека домакински се работи, рече Груевски.
