Економија, финансии, бизнис

Контакт

Членството во ЕУ ја чини Хрватска 616,8 милиони евра

Членството во ЕУ ја чини Хрватска 616,8 милиони евра
Хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ вели дека влезот во Европската Унија Хрватска ја чинела 4,7 милијарди куни односно 616,8 милиони евра и дека тој износ требало да биде покриен со економски раст. Економски раст нема, бидејќи економијата е во проблми и не почна да работи, предупредува тој. Прашан дали е време државата да му се обрати Меѓународниот монетарен фонд, Линиќ објаснил дека Фондот се повикува кога државата повеќе не може сама да ги санира финансиските долгови, но дека не се потребни мерки за штедење, бидејќи тие мерки владата упорно ги спроведува во последните три години.
Слично

Поврзани вести