Членството на СОНК во Тетово го блокира екстерното тестирање
Дел од наставниците од Тетово го продолжија генералниот штрајк и одбиваат да го спроведат екстерното тестирање на матурантите. Во тетовската гимназија екстерниот тест го полагаат само македонските паралелки, додека албанските паралелки одбија да го направат тестот. Односно, од вкупно 3000 ученици, екстерното се спроведе само кај 300.
И во тетовското медицинско училиште Никола Штејн екстерното се спрведува главно во македонките паралелки, а слична е сликата и во Економското и Текстилното училиште. Единствено во Земјоделското училиште се реализира тестирање, зашто професорите не се членови на СОНК. Слична состојба е и во Гостивар, каде поради штрајкот тестирањето се спроведува делумно.
Слично
