Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пари има само за претседателите и директорите: Колкава е просечната плата во синдикатите, невладините, друштвата

Пари има само за претседателите и директорите: Колкава е просечната плата во синдикатите, невладините, друштвата

Вработените (обично само претседателите и секретарите) во невладините организации во Македонија, во синдикатите, фондации, еколошки друштва, здруженија за штитење на човековите права, остварување на политички интереси, спортско-рекреативни сојузи, во просек годишно биле платени по 729.249 денари, односно по 1.000 евра месечно во 2016-та, покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика

Станува збор за непрофитни организации, кои своите приходи ги остваруваат од членарини, донации, проекти и од надворешни фондови.

Пред нив се само компјутерските програмери и консултанти (835.545 денари годишен севкупен приход), вршителите на помошни услужни дејства во рударството (830.834) и вработените во телекомуникациите (751.535), во 96-те групирања на професиите.

- Тоа се организации кои структурно се многу различни и ги има од секаков тип. Немаат големи издатоци и според тоа вработените можат да поделат повеќе. Најчесто вработени се еден до двајца, додека повеќето своите активности ги извршуваат волонтерски или хонорарно. Немаат сопственик и според тоа, „профитот“ го делат тие - вели даночниот експерт Павле Гацов.

Во последно време формирањето на невладините организации е мошне популарно. Доколку ги анализираме податоците за новооснованите субјекти во последните пет години може да се заклучи дека најактуелни дејности, покрај трговијата, биле угостителството, невладините организации, малопродажбата на храна и облека, како и салоните за убавина. Во овие дејности се основани над 25% од вкупниот број на новите компании во Македонија во изминатите години. 

А.К.


Слично

Поврзани вести