Членови од ДИК му пишаа на Велјановски
Дел од членовите на ДИК испратија писмо до Собранието.
Во писмото до претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски го известуваат дека на гласачкото ливче ќе има само една партија и дека тоа е надвор од Уставот и изборниот законик, односно дека ДИК нема основа да организира избори.
Писмото е потпишано од Игор Милев, Виолета Дума од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и претседателот и потпретседателот на ДИК, Алекснадар Чичаковски и Реџеп Прекопуца.
„Со спроведување на избори во кои учествува само една кандидатска листа, би значело оттуѓување и пренесување на суверенитетот на граѓаните само на една политичка партија што е спротивно на член 1 и 2 од уставот на Република Македонија. Вака спроведените избори би биле нелегитимни и не кредибилни, а нивното одржување би претставувало целосна суспензија на уставно правниот поредок на Република Македонијa” - се вели во писмото на дел од членовите на ДИК.
Потпишаните се со став дека ДИК мора да ги истакне овие факти бидејќи нејзина основна задача е да се грижи за законитоста во подготовката и спроведувањето на изборите.
