Економија, финансии, бизнис

Контакт

Членови на паравојска „паднаа“ во рацете на полицијата

Членови на паравојска „паднаа“ во рацете на полицијата

Полицијата во Словенија уапси двајца мажи за кои се сомнева дека припаѓаат на паравоена група. 

Ова се случува откако на социјалните мрежи се појавија видеоснимки на групата што се претставува како армијата  на Штаерска.

Полицијата информацијата ја потврди на „Твитер“ дека по претресот на пет куќи во градот Марибор и околината уапсија двајца мажи, но не наведоа дали се работи за членови на горенаведената група на Андреј Шишкo, објави СТА.

Словенечкиот портал „24ур” објави пред неколку дена дека поранешниот претседателски кандидат Шишкo ја предводи таканаречената „Штаерска армија”, која ја формираше по прогласувањето независност на Источниот Словенечки Регион лани.

Полицијата објави дека вршат истрага врз основа на снимката.

Словенечките политичари вчера беа изненадени од видеото, и рекоа дека за земја членка на ЕУ, ваквите појави се подривање на Уставот. 

Слично

Поврзани вести