Економија, финансии, бизнис

Контакт

Членките на ЕУ едногласно ја отфрлија „црната листа“ на ЕК

Членките на ЕУ едногласно ја отфрлија „црната листа“ на ЕК

Членките на Европската унија едногласно го отфрлија предлогот на Европската комисија на „црната листа“ да стави 23 држави и територии.

На листата се наоѓаат држави за кои се верува дека носат висок ризик од перење пари или финансирање на тероризам.

Членките соопштија дека тој предлог не е востановен во транспрантен процес, пренесе агенцијат АП.

На листата, помеѓу останатото, се држави како Саудиска Арабија, Северна Кореја, и Нигерија, но и четири американски прекуморски територии.

Тој список има за цел да се зголеми надзорот и истрагата за финансиски трансакции од тие земји и територија за да се пронајдат сомнителните текови на пари.

Европската комисија сега ќе мора да направи нова листа и да ја земе предвид загриженоста на државите членки.


Слично

Поврзани вести