Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Во овие земји најмногу пари трошат за храна

ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Во овие земји најмногу пари трошат за храна

Граѓаните на Романија трошат двојно повеќе во споредба со европските просечни трошоци за храна и безалкохолни пијалаци.

Според податоци на Евростат,  Романците за храна трошат 27,8 отсто од вкупните трошоци, додека просекот во ЕУ е само 12,2 проценти.

Некои Романци изјавија дека начинот на трошење на пари за храна го покажува стравот кој потекнува од периодот на комунизмот кога им беше ускратена храната.

Професорот по социологија на Националната школа за политички и административни науки Каталин Стоича изјави дека „бројките покажуваат повисоко ниво на сиромаштија во Романија“.

Литванија се наоѓа на второ место, каде за храна се троши 21,6 отсто од вкупните расходи на домаќинството, додека во Велика Британија процентот изнесува 8,2 проценти. 

Но, во 2017 година, Хрватите биле први. Тие трошеле 30% од буџетот за храна, а 16% за режиски трошоци, покажаа статистиките на Евростат. 

Слично

Поврзани вести