Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЛЕНКАТА НА УПРАВЕН ОДБОР НА „РЕПЛЕК“ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА - Надзорниот одбор ја разреши Несторовска-Ѓошевска

ЧЛЕНКАТА НА УПРАВЕН ОДБОР НА „РЕПЛЕК“ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА - Надзорниот одбор ја разреши Несторовска-Ѓошевска

Членката на Управниот одбор на фармацевтската компанија „Реплек“, Билјана Несторовска-Ѓошевска поднела оставка од таа функција, а оставката и била прифатена од Надзорниот одбор, кој ја разрешил од таа позиција. 

За оваа информација извести компанијата преку Македонската берза. 

„Надзорниот одбор на Реплек, врз основа на Статутот на друштвото, одлучувајќи за разрешување на член на УО на Реплек АД, на седниццата одржаба на 10 април донесе Одлука за разрешување на член на УО. 

Се прифаќа/усвојува оставката на членот на УО, Билјана Несторовска-Ѓошевска. Членот на УО, Билјана Несторовска-Ѓошевска, се разрешува од член на УО на Реплек, со што мандатот и престанува со денот на поднесувањето на известувањето за оставка. Одлуката да се достави до УО на Реплек. Врз основа на оваа одлука, настанатите промени да се запишат во Централниот регистар на РСМ“, се вели во известувањето од компанијата до инвеститорската јавност. 

Несторовска Ѓошевска беше избрана за член на УО во октомври 2021 година и таа практично дојде на местото на дотогашниот член Душан Туџаров и оттогаш е на таа позиција.

Пред само две недели, пак, компанијата извести дека членката на УО, Билјана Несторовска Ѓошевска купила за прв пат акции на компанијата, односно за прв пат се стекнала со две акции на компанијата.

Фактор, пак, минатата недела пишуваше дека еден од предлозите за Собранието на акционери е член на Надзорниот одбор на компанијата да стане Зоран Азманов, сопственикот на градежната компанија „Настел“ која поседува акции во компанијата, и тоа 9,38 отсто. Тој предлог доаѓа од него и од неколку други акционери во Реплек. Акционерското собрание ќе се одржи на 26 април годинава. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести