Економија, финансии, бизнис

Контакт

Побаран совет од Мицкоски за можни рестрикции на струја, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ категорично против

Побаран совет од Мицкоски за можни рестрикции на струја, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ категорично против

Владата разгледувала опции за рфестрикции на струја, објави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот брифинг со медиумите.

За ова претседателот на најголемата опозициска партија понудил и негов совет до власта, а тоа е да не го прават тоа, бидејќи претходно ќе дојде до енормно оптоварување на системот кога рестрикциите ќе се најават.

Според Мицкоски, на оваа тема веќе имало состаноци во Владата, а еден од присутните му се јавил лично за совет.

Мицкоски пред новинарите рече дека неговиот совет бил да не се посегнува по таква непопуларна мерка,  бидејки пред или потоа ке се преоптовари системот.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести