Член на Левица повикан на информативен разговор заради учество на протести
Мариглен Демири, членот на Президиумот на Левица денеска во 12 часот е повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство Скопје.
Ова е поради неговото учество во протестите по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција. По тој повод, Левица ќе одржи прес -конференција, денеска во 13 часот, пред Основното јавно обвинителство Скопје.
„Потсетуваме и дека по претходните приведувања и апсења граѓанскиот револт само растеше. На граѓан(к)ите им е совршено јасно дека ваквите апсења се последниот очајнички обид на режимот да го скрши протестното движење и да се спаси. Граѓан(к)ите препознаваат селективна правда и затоа денес ќе излезат во уште поголем број на протест, за да ја повратат слободата и правдата“ - велат од Левица.
Ова е четврти пат како нивен член се приведува или повикува на информативен разговор поради учество на протестите, по приведувањето на Бранимир Јовановиќ и притворањето на Здравко Савески и Владимир Куновски.
