Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧИТАЊЕ НА МОЛИТВИТЕ ЗА МАЈКА ТЕРЕЗА: Албанските лидери не одат во Ватикан поради Иванов

ЧИТАЊЕ НА МОЛИТВИТЕ ЗА МАЈКА ТЕРЕЗА: Албанските лидери не одат во Ватикан поради Иванов

Двајцата албански лидери нема да се појават на денешното прогласување на Мајка Тереза за светица.

Од ДУИ одбиле учество на церемонијата која се одржува во Ватикан во организација на Римокатоличката црква поради како што соопштија од кабинетот на Али Ахмети, непризнавањето на претседателот Иванов за легитимен пртеседател.

Од ДПА без одговор зошто не се јавија на поканата на шефот на делегацијата.

Во моментов во Ватикан свеченоста по повод канонизацијата на Мајка Тереза се читаат молитвите, кои претходно беа означени со чукањето на камбаните.

Многубројни новинарски екипи ширум светот присуствуваат на оваа церемонија.

Од Македонија пристигнала голема делегација, која како што соопштивме е предводена од шефот на државата Горѓе Иванов и премиерот Емил Димитриев. Таму се и двајцата лидери на двете големи партии во земјава, Никола Груевски и Зоран Заев.

Слично

Поврзани вести