ЧИТАЈТЕ: Што предизвикува стрес кај секој хороскопски знак?
Стресот и анксиозноста се најголемите болести во современиот свет и нема личност која барем еднаш не се почувствувала немоќна пред тешкотиите и предизвиците кои ги носи секојдневниот живот. Некои луѓе подобро се борат со проблемите и не подлегнуваат на стресот толку лесно, но постојат и хиперсензитивни луѓе кои се постојано напнати.
Денес ви откриваме како хороскопските знаци реагираат на животните предизвици и кои се предизвикувачите на стрес и анксиозност кај секој од нив.
Овен
Луѓето родени во знакот на Овен се многу динамични. Секогаш се во движење и никогаш не мируваат, па нивниот најголем предизвикувач на незадоволство е падот на енергија. Кога се болни знаат да бидат пргави и депресивни. Не сте суперхерои, дајте си себе простор да одморите, прифатете ги своите слабости – сепак сте само луѓе.
Бик
Биковите имаат одредена доза суета кога се во прашање нивните способности и знаења, па темелно ќе се подготват за секој предизвик. Проблемот настанува кога ќе доживеат неуспех и тогаш многу лесно може да паднат во анксиозна состојба. Не заборавајте дека сите грешат, од грешките се учи и на нив треба да гледате како на животни лекции од кои ќе излезете попаметни и помудри.
Близнаци
Близнаците спаѓаат во рационални знаци кои темелно ја проценуваат секоја ситуација и не дозволуваат да направат глупост. Всушност тоа – глупоста и неразумноста на другите луѓе може да ги извади од такт. Обидете се да го контролирате бесот и да се ставите во кожата на другите. Не сме сите исти па прифатете ја туѓата различност.
Рак
Раковите се најужаснати од недостатокот на сигурност и чувството на ранливост и слабост, па кога ќе се најдат во ситуација кога се „сами против сите“ реагираат бесно, а потоа настапува чувство на очај и паника. Дишете длабоко, не сте сами, рационално погледнете ја ситуацијата, некаде во вас лежи потребната сила и сигурност, потребно е само да ја најдете.
Лав
Како еден од најдоминантните знаци на Лавот му е неподнослива ситуацијата во која нема контрола над настаните или луѓето. Луѓето родени во знакот на Лав ќе почувствуваат вистински очај кога ќе видат дека работите излегуваат од контрола и дека не можат да влијаат на настаните кои следуваат. Сфатете дека понекогаш мора да ги препуштите работите да се движат по својот природен тек, не можете да го контролирате светот околу вас, премногу е голем.
Девица
Девиците се дефинитивно едни од најрационалните хороскопски знаци, кои најголемиот дел од животот го минуваат во размислување. Девицата во својата глава ја разложува и наједноставната работа до најситниот атом и многу често целосно се губи во таквите размислувања. Тогаш настанува незадоволство и чувство на изгубеност. Советот е едноставен – запишувајте ги своите мисли и заклучоци, организирајте си ги мислите.
Вага
Она што најмногу ги погодува Вагите е неправдата и ситуациите кога некој се однесува нефер кон нив. Знаат со денови да размислуваат за неправдата која им е направена барајќи разумна причина за тоа, па кога нема да ја пронајдат паѓаат во незадоволство. Научете веднаш да реагирате на неправдите, само така веднаш ќе го решите проблемот, не дозволувајќи му да се усложни.
Шкорпија
Иако Шкорпијата делува баш како шкорпија – опасно, остро и отровно, всушност под тој оклоп се крие чувствителна личност. Ја погодуваат несреќите на другите, ги доживува проблемите на другите како свои и длабоко ја погодува неправдата. Поради својата ладна надворешност, не успева да ги изнесе чувствата и да се ослободи од притисокот, па често го собираат во себе. Научете да се отворите и да разговарате за работите кои ве мачат и прифатете дека не можете да ги решавате туѓите проблеми.
Стрелец
Стрелецот е еден од најактивните знаци кој не поднесува стагнација и мирување. Најмногу мрази ситуации во кои мора мирно да седи и да чека, чека, чека…Стрелецот сака работите да се случуваат сега и одма и е голем авантурист, па едноличноста го нервира. Најдете свој издувен вентил – излезете од време на време, најдете авантуристичко хоби или отпатувајте во нови градови доколку сте во можност.
Јарец
Стресот и анксиозноста кај Јарецот е затоа што пред нив ставаат превисоки цели и преголеми очекувања, па кога нема да успеат да живеат во согласност со тие очекувања паѓаат во очај и депресија. Потрудете се да најдете задоволство во ситните секојдневни достигнувања, запознајте се себе и своите способности и во согласност со нив одредете ги животните цели, па така полесно ќе дојдете до задоволство.
Водолија
Водолиите се големи планери и едноставно живеат во очекување дека се треба да оди онака како што тие сакаат и планираат, но животот често сурово ги спушта на земја и во тие моменти тие чувствуваат вистински очај. Мора да сфатите дека не сте поголеми од животот, дека не можете да управувате со сите настани и дека непредвидените околности се најнормална работа која мора да ја прифатите како таква.
Риби
Луѓето родени во знакот на Рак се многу интроспективни личности која ја ценат својата приватност повеќе од се и може да ги фрустрира излагањето во јавност, јавни говори и големи собири на кои сите рефлектори се вперени во нив. Научете дека животот понекогаш бара јавно излагање, не можете да се сокриете меѓу вашите 4 ѕида без контакт со другите.
