Чистки и апсења во Турција – какoв е билансот?
Властите на Турција уапсиле 40 029 лица по обидот за преврат од 15 јули. Од нив 20 355 се оставени во притвор, соопшти во телевизиска изјава турскиот премиер Бинали Јилдирим, цитиран од агенциите.
Тој рече дека од државна служба за последниот месец биле отпуштени речиси 80 илјади лица при чистки на приврзаници на обвиненетиот за пучот , исламскиот проповедник Фетхуллах Гулен.
Отпуштените се од вооружените сили, полицијата, државната администрација, судските и истражните органи.
Одделно властите затвориле и 4 262 компании и институции поврзани со Гулен.
Самиот Гулен, кој живее во САД од 1999 година, ги негира обвинувањата и го осуди обидот за преврат.
Истовремено чистката во институциите на Турција продолжува. Вчера стана јасно дека ќе бидат отпуштени уште над 2 300 полицајци, како и вработени од телекомуникациските регулатори во земјата, армијата, судовите и други институции.
Владата одлучи и да ослободи место во затворите, ослободувајќи затвореници, на кои им остануваат до 2 години од казната.
