Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЧИСТКАТА ПРОДОЛЖУВА“: Турција затвора медиуми и издавачки куќи

„ЧИСТКАТА ПРОДОЛЖУВА“: Турција затвора медиуми и издавачки куќи

Турските власти одлучија да затворат десетици медиуми.

Од мерката се погодени 3 новински агенции, 45 весници и 16 ТВ канали. Се затвораат и 23 радија, 15 списанија и 29 издавачки куќи, соопшти официјалниот весник на земјата.

Според приватната телевизија СНН Турк главно станува збор за регионални изданија, но има и национални медиуми.

Меѓу нив се агенција Cihan, прокурдската телевизија IMC TV и опозицискиот весник "Тараф". Дневниот "Заман" и неговата верзија на англиски јазик „Тудеис Заман“, кои се дел, како Cihan, од холдинг поврзан со проповедникот Фетхуллах Ѓулен, исто така се затворени.

Токму Ѓулен беше наведен од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за организатор на превратот. По обидот за преврат турските власти отпуштија 2400 воени лица, меѓу кои речиси 150 генерали и адмирали. Отпуштени беа и стотици полицајци, десетици наставници и професори.

Слично

Поврзани вести