Чистка во Турција, уапсен уредник на весник
Турски полицајци денеска го уапсија главниот уредник на опозицискиот весник „Cumhuriyet" Мурат Сабунджу, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на турски медиуми.
Причината за апсењата не е објавена.
Само во последните два дена во Турција се затворија 15 медиуми и отпуштени се околу 10 000 државни службеници и луѓе од силите за безбедност.
Во земјата се ограничи правото на адвокатите да разговараат во четири очи со своите клиенти, а има и промени во правилата за назначување на ректори на универзитетите.
Уште во август месец премиерот, Бинали Јилдирим рече дека по неуспешниот обид за државен удар од ноќта на 16 јули се отстранети од работа 80 000 луѓе.
Слично
