Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чистка на вработени: Железничари ќе стануваат редари во театар, портири, хаус мајстори

Чистка на вработени: Железничари ќе стануваат редари во театар, портири, хаус мајстори
Македонски железници – Инфраструктура се ослободува од дел од вработените. Околу 90 – тина железничари ќе добијат нови работни места во други државни институции и претпријатија. Според информациите до кои дојде Фактор, списокот со вработените кои ќе мораат да ја напуштат МЖ - Инфраструктура и ќе бидат прераспределени на нови работни места, веќе е готов и точно се знае кој вработен ќе ја напушти железницата. Вработените се прераспределуваат на позиции во МКЦ,  во театрите, водстопанство и слично. Ќе добијат работни задачи како портири, хаусмајстори , ќе се грижат за публиката во театрите. Сепак, според сознаниијата на Фактор, вработените не се согласуваат со ваквиот потег со оглед дека на позициите на кои ќе бидат прераспределени, ќе добиваат и помала плата од онаа што досега ја имале во железницата. Токму поради тоа синдикалците веќе побарале средба со раководството на МЖ Инфраструктура. Но, освен првичниот список со околу 90 – тина луѓе, во железницата се шпекулира дека постои уште еден список на кои ќе се најдат уште други 100 железничари кои исто така ќе добијат нови работни места и ќе мораат да ја напуштат МЖ - Инфраструктура. Ваквиот потег со кој вработените се прераспределуваат е направен на барање на раководството на компанијата кое пред неколку месеци доставило список со вишокот на вработени до Министерството за информатичко општество. Сега откако оттаму добило повратен одговор каде може да се прераспределат вработените раководството треба да ја спроведе одлуката. Во МЖ Инфраструктура има околу 1000 вработени. Компанијата во континуитет изминатиот период се соочува со проблеми со исплатата на платите за вработените,  поради што се најавуваа штрајкови, се запираа и возовите.  Засега прераспределба на вработените се прави само во МЖ - Инфраструктура, не и во МЖ - Транспорт.  Пред овој потег беа намалени платите,  а дел од вработените се праќаа на принудни одмори.
Ј.Ј.
Слично

Поврзани вести