Чистачка најде 2000 евра и ги врати
Чистачка во Бугарија најде 2000 евра во контејнер и ги врати парите.
Стефка Тодорова при чистење контејнер за хартија во близина на училиштето „Иван Вазов" во Поморје била изненадена кога од кутија за чевли паднале банкнотите. Таа се обратила кај шефот, заедно со него ги преброиле парите и ги предале на полицијата.
Жената има две деца, девојче и момче и ги одгледала сама со многу потешкотии.
„Беден човек сум. Но, како да ги земам овие пари. Не се мои. Затоа ги вратив. Некои велат: „Зошто ги врати? ". Ама мене ми е убаво. Јас сум добра душа"- раскажа жената.
Во 1996 година, додека чистла на плоштадот во центарот на Поморје, Стефка нашла 16 000 лева и тогаш ги вратила парите. За награда сопственикот на парите ја почестил со 200 лева.
