Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чист воздух и високи цени: Колку чини ручек и кафе во Љубљана во споредба со Србија?

Чист воздух и високи цени: Колку чини ручек и кафе во Љубљана во споредба со Србија?

Словенија нуди чист воздух, но цените во рестораните се значително повисоки во споредба со Србија.

Цената на двојно еспресо во Словенија е околу 3,40 евра, додека во Белград е помеѓу 220 и 340 динари, анализира Нова.рс.

Двојно еспресо во Словенија  e со цена од 3,40 евра (399 динари). Во Белград, во зависност од тоа каде ќе го нарачате овој пијалок, цените се движат од 220 до 340 динари. Важна забелешка: на одредени места во Љубљана, двојно еспресо чинеше повеќе од 4 евра.

Едно од нивните попопуларни традиционални јадења со зеленчук и месо чини - 19 евра (2.227 динари).

Кога ги споредуваме приходите, ситуацијата е следнава. Според официјалната статистика, просечната плата во Словенија во јануари 2025 година изнесувала 1.569 евра (183.941 динари), додека во Србија просечната нето плата во јануари изнесувала 107.476 динари, а медијалната нето плата за јануари била 83.031 динари.

foto nova.rs

Слично

Поврзани вести