Чингоски си заминува од ЕЛЕМ
Директорот на државните електрани Влатко Чингоски денеска и официјално заминува од функцијата прво човек на ЕЛЕМ. Информацијата ја потврдија и од државната компанија од каде најавија и официјално известување. Чингоски на чело на ЕЛЕМ дојде на крајот на септември 2006 година, кусо по изборите кога ВМРО-ДПМНЕ ја доби власта. Дотогаш работел во поранешно Електростопанство, како помошник- генерален директор за развој и инвестиции. Чингоски дојде во ЕЛЕМ на местото на Панде Лазаров, откако веќе беше завршена приватизацијата на претпријатието и делот - Дистрибуција беше продаден на австриската ЕВН, што се случи во времето на владата на СДСМ.
Суеште не се споменува кој ќе ја наследи директорската позиција во електрани, додека смената на Чингоски беше спомената уште во време на бранот на проветрувања кој го најави партијата на власт, ВМРО ДПМНЕ, а името на Чингоски се споменуваше како иден амбасадор на Република Македонија во Јапонија.
Слично
