Чингаровска: Сега работиме на контрола на детската облека, се отстрануваат небезбедни производи
Во моментов работиме на контрола на безбедноста на детската облека, а за таа цел земен е стандардот што ја дефинира безбедноста на детската облека, комплетно преведен, направена е контролна листа која што точно кажува за која возраст како треба да биде изработена облеката за да ја гарантира безбедноста и тоа точно ова се однесува на детската облека со гајтани и врвки, бидејќи на нас ни е многу непознато колкава е опасноста доколку тие не се правилно поставени и со правилни димензии, појасни Чингаровска.
„Во моментов работиме и на контролни листи за каблите како еден сериозен да речам како производ, кој доколку не е безбеден прави голема материјална штета. Исто така извршивме целосна контрола на безбедноста на детско помагало - дубак. При тоа утврдивме дека е тотално небезбедно и тоа веќе го повлекуваме од промет. Ние земавме примерок, го пративме на испитување во лабораторија, лабораторијата ни кажа дека се работи за небезбеден производ и тој е повлечен од пазарот“, изјави таа во интервјуто.
Во третиот квартал извршени се реализирани се вкупно 7.265 редовни контроли, 656 контролни надзори и 42 вонредни инспекциски надзори или вкупно 7.963 надзори, од кои по Законот за пушење извршени се вкупно 319 надзори. По Законот за трговија утврдено е неправилно водење евиденција, неуредна евиденција, немање одобрение за користење на деловен простор надвор од објектот. Во делот на санкциите за прекршителите на Законот за заштита на потрошувачите, санкциите чинат од 500 евра до 3 илјади евра, а зависно од прекршокот кај дел од нив како е пропишано и затворање на објектите.